Убавина

Седум намирници за да имате тело како на моделите

Иако зимскиот начин на исхрана е зад нас, сепак трагите ги имаме сеуште на нашето тело. Време е да поработиме на случајот и да се спремиме за сезоната на бикини.

Доколку сакате убаво тело, како она на моделите тогаш треба да знаете што тие јадат секојдневно. Ова се намирниците кои тие ги имаат на своето мени:

Пилешки гради

Белото пилешко месо без кожа е богато со протеини кои се главен извор на енергија, даваат чувство на ситост, а покрај тоа го забрзуваат растот и квалитетот на косата и ноктите.

Јогурт

Тој е познат како голем борец против дебелината. Содржи аминокиселини и калциум кои заедно помагаат за согорување на маснотиите.

Зелен чај

Истражувањата покажаа дека со две до три шолји дневно може да согорите 50 калории.

Јајца

Јајцето имајте го за појадок. Едно тврдо варено јајце може да ви даде многу енергија, да ве засити и да не дозволи да се прејадувате во наредните оброци.

Вода

Пијте вода! Не заборавајте на неа никогаш. Направете си навика секогаш покрај вас да има шишенце со вода и пијте постојано.

Лути пиперчиња

Лутината на пиперката ја забрзува циркулацијата, ја зголемува потребата за кислород, и го забрзува метаболизомт. Лутите пиперчиња може навистина да ви помогнат за да ја регулирате тежината.

Фстаци

Тоа е одлична намирница против дебелеење затоа што помагаат за контрола на внесувањето на јаглехидратите. Содржат голема количина на протеини и диетални влакна кои даваат чувство на ситост.

Напиши коментар