Убавина

Седум парчиња накит кои треба задолжително да ги имате

Гардеробата и чевлите се подразбираат, но има и неколку парчиња накит кои би требало да ги имате во предвид при секоја комбинација.

Широки плочести обетки

Може да ги носите секој ден, доволно е да ја имате наједноставната комбинација на облека и тие ќе направат да изгледате необично.

Дебели плоснати нараквици

Некои жени ги избагнуваат зошто им изгледаат тешки и гломазни. Но, тие може одлично да прилегаат на летните комбинации.

Долго ланче

Тоа е ин оваа сезона. На обично еднобојно фустанче или фармерки и еднобојна маица со сако може да допринесе многу.

Кратко ланче

Доколку имате деколте ова ланче може да биде многу ефектно.

Необично ланче

Богато ланче составено од многу камчиња, дрвени елементи, школки… потребно е на себе да имате само обична маичка со фармерки или кратко црно фустанче.

Голем прстен

Голем, масивен прстен со впечатлива боја. Не мора да внимавате да одговара на бојата на вашата гардероба, едноставно оставете го да дојде самиот до израз.

Нараквици

Многу тенки нараквици… одлично прилегаат на летните комбинации.

Напиши коментар