Здраво тело

Седум здравствени симптоми кои не треба да ги игнорирате

Лесно е да се занемарат вообичаените болки, меѓутоа тие понекогаш може да бидат сигнал за озбилен здравствен проблем.

1. Проблеми со спиењето

Луѓето како по обичај не го кажуваат проблемот со спиењето на својот доктор. Меѓутоа доколку личноста има проблеми со срцето, дијабетес или висок крвен притисок тогаш со сигурност се појавуваат и проблемите со сонот.

2. Вагинален секрет

И водениот вагинален секрет кои изгледа наивно, може да биде симптом за рак на грлотот на матката. Немојте да игнорирате веднаш посетете гинеколог.

3. Контипација

Дали знаете дека секој од нас треба дневно да има од 1 до 3 празнења на цревата? Доколку неколку денови патите од контипација, тоа може да укажува на некоја блокада, тумор или пролапс на дебелото црево. Обратете се на доктор доколку често го имате овој проблем.

4. Главоболка

Доколку имате главоболка пропратена со зголемена телесна температура, вкочанет врат или повраќање кои траат невообичаено долго (повеќе од 2 – 3 дена), веднаш посетете лекар. ЗНАЧИ ВЕДНАШ!!!

5. Болки на вилицата

Болките на вилицата може да ве наведат дека Ви треба помош од стоматолог и така да изгубите драгоцено време, а всушност да станува збор за herpes zoster кој доведува до болни и постојани неуропатии на лицето.

6. Дијареа

Ако имате дијареа подолго од 4 – 5 дена, не треба да ви биде срам за тоа да позборувате со доктор. Дијареата може да укажува на озбилен проблем, кранова болест, рак, проблеми со панкреасот или жолчката. Едноставното пиење на апчиња против дијареа е најголемата грешка која ја правите.

7. Стомачна киселина

Стомачната киселина која подолго ве мачи е доволен знак да се обратите кај стручно лице. Таа доведува до неповратна ерозија на забите, дел од неа оди и во белите дробови, ја зголемува можноста за добивање рак на грлото. Доколку испиете апче и за кратко ја маскирате состојбата а таа се поврати уште наредниот ден, се препорачува посета на лекар.

Напиши коментар