ШоуБиз

Сефови со злато и накит под ресторанот на Џејми Оливер!

Работниците ангажирани за реновирање на темелите на зградата во која наскоро треба да биде сместен новиот ресторан на светски познатиот готвач Џејми Оливер, пронашле стотина мали сефови. Некои од челичните кутии откриени во подрумот на зданието, кое некогаш било банка, потекнуваат дури од 1935 година.

Содржината на сефовите, кои поради неможноста да се идентификуваат нивните сопстевници се запленети од претставници на англиската банка, е проценета на околу 1,3 милиони евра. Во главно се работи за накит, злато и разни други предмети од вредност.

На Оливер, за жал, нема да му припадне ни фунта од богатството пронајдено во темелите на неговиот ресторан. Сè е предадено на британскиот трезор.

Инаку, отворањето на ресторанот со име „Jamie’s Italian“е најавено за оваа недела.

Напиши коментар