ШоуБиз

Сега се само часови во прашање: Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се венчаат овој викенд!

Најпознатиот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, како што дознаваме од странските медиуми, овој викенд ќе стапат во брак во својот дом во Франција.

Последниве денови објавени се информации дека на нивниот имот во француското село Correns ќе биде прославена 50 годишнината од бракот на родителите на Бред Пит, кои се повикани на забава која ќе се подготвува на имотот.

Но, сега се шпекулира дека Анџелина и Бред всушност ќе се венчаат во приватна капела на имотот, и забавата ќе биде организирана по тој повод.

Во прилог на ова тврдење зборува и фактот дека на забавата ќе присуствува и златарот Роберт Прокоп, кој направил свршенички прстен за Анџелина, вреден 250.000 долари.

Медиумите пишуваат дека Бред Пит лично се појавил на имотот, со цел да ги надгледува подготовките за забавата.

Write A Comment