Не верувам дека има некој што не би сакал да го посети ова рајско катче и да се потопи во егзотиката и неспитомената убавина на Сејшелските острови. Романтични пејсажи на сите страни и безкрајни плажи поросени со снежен бел песок кој се прелива во најразлични нијанси под сонцето, украсени со сенките на џиновските палми.
Сејшелите се дел од групата дестинации кои се слават како најубавите во светот, а за тоа има навистина доста причини и титулата е најзаслужена. Овде ќе видите бујна вегетација недопрена од човечка рака, необичен животински свет, безкрајно синило што го претопува небото во тиркизните води со кристална чистота и мирис кој ве опијанува.













