Здраво тело

Секое овошје може да биде корисно, но исто толку и штетно!

Треба да утврдите кое овошје најмногу ви одговара и начинот на кој ќе го консумирате безбедно.

Банани

Ја враќаат енергијата, богати се со калиум, магнезиум и витамини Б – кои се добри за нервите. Но, зелените банани може да предизвикаат проблеми со варење на храната, бидејќи скробот кој го содржат тешко се вари. Затоа јадете исклучиво зрели, жолти банани.

Јаболки

Тие се одличен извор на многу корисни состојки, а особено флавоноиди (содржат антиоксиданси кои го штитат срцето). Но јаболките содржат состојки кои предизвикуваат надуеност и гасови, затоа ако имате проблематичен стомак избегнувајте ја секојдневната консумација.

Боровинки

Добрата страна на боровинките е тоа што се одличен извор на антиоксиданси, штитат од рак и предвремено стареење. Но, како и останатото јагодесто овошје кое е блиску до земјата постои голема веројатност да биде загадено од отпадните води. Тоа може да биде опасно по вашето здравје.

Диња

Тоа е ниско калорично овошје кое позитивно влијае на имунолошкиот систем. Но, на кората од дињата во текот на нејзиното зреење можно е да се развие салмонела, затоа секогаш пред да ја исечете убаво измијте ја.

 

Напиши коментар