Последните истражувања велат дека 40% од девојчињата и 30% од машките деца кои се родени во 2012 ќе доживеат и над 100 години живот. Во објавените резултати од истражувањата стои дека жените статистички ќе живеат подолго од мажите.
Според резултатите на истата студија се поголем ќе биде бројот на луѓе кои ќе дожиивеат длабока старост, бројот ќе биде поголем за 6% од последниве 50 години.
Истражувачите тврдат дека според статистичките мерења 10% од мажите и 14% од жените кои сега имаат повеќе од 65 години ќе го доживеат својот 100 роденден. Во истражувањето биле земени во предвид модерниот начин на живот, унапредената технологија и медицина.
