ШоуБиз

Секогаш совршени – Heidi Klum и Nicole Kidman :)

Иако годините полека ги газат, Nicole Kidman и Heidi Klum никако не се откажуваат од смелите и атрактивни комбинации. Вчера вечерта, и двете ѕвезди се појавиле на црвениот тепих во Кан покажувајќи повеќе гола кожа отколку вообичаено и дефилирајќи на еден од најпрестижните филмски фестивали со гол грб.

Kidman била дефинитивно ѕвезда да вечерта промовирајќи го последниот филм „Paperboy“ и тоа во придружба на колегите од филмот Zac Efron, Matthew McConaughey и John Cusack.

На филмот му се предвидува голем успех, како поради приказната, така и поради актерската екипа собрана во него.

И Heidi не остава ништо на случајноста. За да ѝ парира на Kidman и таа носела фантастичен фустан со гол грб на Marchesa.

Напиши коментар