Стејси Киблер дефинитивно ужива со својот дечко. Таа едноставно не може да му одолее на Џорџ Клуни, бидејќи според нејзините зборови, тој секогаш ѝ помагал во изборот на облека за посебни пригоди. Еве што изјавил Клуни минатата недела за фустанот на Стејси:
– Јас го закопчав патентот. Па, и за тоа треба вештина.
А, Киблер веднаш потоа му одговорила на репортерот:
– Тој секогаш изгледа добро. Без разлика што носи на себе. Го имам најдобриот и најзгоден дечко на цел свет.
Е, сега дали парот што заедно се облекува и соблекува ќе остане заедно, тоа ќе видиме.