Убавина

Секојдневна грижа за убавината без право на грешки

Секоја жена е речиси експерт што се однесува до грижите за нејзината сопствена убавина. Но дури и експертите можат да допуштат грешки, кои им го вгорчуваат животот…Проверете дали тоа што го правите го правите правилно. А ако не, грешките трпат промена.

Грешка – нанесување балсам на цела коса. Косата во корените е здрава и нема потреба од балсам. Балсамот е наменет само за оштетените врвови од косата, а во спротивно може да предизвика појава на првут, мрсна коса со лош изглед и без волумен.

Грешка – пудра директно врз хидратантен крем. Една од почестите грешки е нанесувањето на пудра врз тукушто нанесен хидратантен крем. Кремот има потрерба од време за да се упие комплетно. После нанесување на кремот треба да почекате барем 5 минути за да може да навлезе во кожата и да го има бараниот ефект.

Грешка – хидратантен крем како средство за зоната околу очите. Торбичките под очите се образуваат од задржаната и насобрана влага. А хидратантните кремови се создадени имено точно за тоа – да ја задржат влажноста во кожата. Затоа хидратантниот крем може да ја направи кожата под очите уште по отечена. Но не обвинувајте ги за тоа само хидратантните кремови, возможно е да е тоа последица и од многу сол и цигари. За зоната околу очите има специјални кремови и гелови идеално избалансирани за потребите на овој вид кожа.

Напиши коментар