Мода

Секојдневни фустани за почетекот на есента

Во почетокот на есенската сезона времето е сеуште топло и дозволува да уживаме во елеганцијата и женственоста на секојдневните кратки фустанчиња со долги ракави. Наш совет е овие фустани да ги комбинирате со дебели чорапи или хеланки и есенски чизмички. За попладневните часови ако залади, секако можете да го доплните стајлингот со кратка есенска јакна или кежуал сако. Тоа е топ есенска комбинација што никогаш не излегува од мода. Почекајте со панталоните и џемперите, бидејќи нив ќе ги носиме цела зима.

 

 

Напиши коментар