За убавина, не е потребно многу…
Наскоро, ќе стане потопло и позагушливо, а со тоа и секси изгледот потешко ќе може да се постигне…Меѓутоа, ние ви откриваме совети со кои ќе имате природен и неодолив изглед, а притоа ќе заштедите многу време дури и при повисоките температури.
Меки и сјајни за 6 минути
Тајната е во нежниот и изедначен изглед, тоа е првото нешто кое сите ќе го забележат. Ставете малку розов сјај на образите, усните и очите….тоа ќе го поправи целокупниот впечаток. Во косата ставете неколку шнолички и веќе сте и свежи и stylish.
Поправете ја шминката за 2 минути
Наместо да ставате слоеви и слоеви пудра, што даваат лош изглед на кожата, со коректор покријте ги несовршеностите и круговите околу очите. Тапкајте го со прстите и оставете го да се впие. За крај, нанесете малку минерална пудра- тоа ќе биде доволно.
Поправете ги веѓите за 1 минута
Веѓите се мал детал од лицето, меѓутоа многу влијаат на целокупниот изглед. За да сте сигурни дека веѓите имаат правилен лак, ставете молив дијагонално од веѓите и искубете ги влакната што се над и под веѓите.
Бујна коса за 1 минута
Си мислевте дека за бујна коса треба многу труд ? Всушност, 1 минута…Наведнете ја главата надолу и масирајте ја главата, коренот на косата. Исправете се и со шнола фатете ја косата зад ушите.
Совршени усни за 2 минути
Горниот дел исцртајте го со молив со „месо“ боја, а долниот со сјај. Притиснете ги усните една со друга и ќе ја добиете посакуваната природна боја.
