Откако се раширија гласините дека нејзиниот дечко, фудбалерот Jermain Defoe ја изневерил со моделот на „Geordie“ – Laura Brown, пејачката Alexandra Burke решила и покрај болката да заигра со неколку згодни танчери на сцена.
Ѕвездата од „Х Factor“ овој пат со својата изведба ги почестила студентите на универзитетот во Лидс. 23-годишната пејачка носела кратки панталончиња што многу јасно го покажувале нејзиниот целулит, но тоа очигледно не ја загрижува многу штом се одлучила за една ваква комбинација.

Засега пејачката не дала изјава во врска со наводната афера на својот дечко, а исто така и неговиот гласноговорник одбил да ги коментира написите. Сепак, за фудбалерот и порано имало гласини дека е гадна личност и дека секогаш изневерува.

