Да се одбере краток фустан за на сцена од секогаш било ризик. Особено ако се работи за ветеран од калибар на Селин Дион која не ни помислила што сè може да се види од местото каде што се наоѓа публиката.
Канадската пејачка ѝ подарила на публиката од прв ред во Јамајка малку повеќе од тоа за што платиле и на што се надевале дека ќе добијат со влезниците. Не велам дека било намерно, но можеби требало да биде малку повнимателна при изборот на гардероба за на сцена.
Подоцна таа вечер, Селин изјавила дека должината на нејзиниот фустан била во ред, но дека сцената била вистинскиот проблем. Како и да е, мајката на три деца заслужува честитки за линијата која успешно ја одржува и на 43 години.