Motherhood

Сексот е „ тивок убиец “ на бракот ???

Кога се на почетоткот од врска, луѓето едноставно блескаат и постојано со другите споделуваат моменти на среќа… Како што поминува времето – молкот настапува на сцена…

Прашањето како брачните парови го претставуваат својот живот, ретко може да се одговори. Просто кажано, признавањето дека не сте среќни би можело да се толкува како неуспех, па така луѓето најчесто го задржуваат за себе. Исто така, кога сексот ќе почне да станува сé поредок, едноставно ни се чини дека баш сите луѓе на светот имаат повеќе секс од нас.

Ви ги претставуваме петте најчести проблеми со кои се соочуваат венчаните парови:

1. Сексот може ( и не мора ) да биде здодевен

Вистина е дека сексот понекогаш може да биде здодевен па дури и непожелен. Ова често може да предизвика страв кој ќе предизвика сексот да стане само рутина, но ако стравот се надмине, повторно може да стане прекрасно. Потребен е само мал труд.

2. Потребите на едниот партнер секогаш остануваат незадоволени

Луѓето кои се во брак немаат секогаш исто либидо. Едната страна секогаш останува незадоволна од сексуалните потреби.

3. Од време на време сексуалната желба исчезнува

Речиси секој брачен партнер се сретнува со овој проблем за време на заедничкиот живот. Сексологот и терапевт Пајал Капур, вели: „ Наместо да размислувате како тоа се одразува лошо на чувствата на Вашиот партнер, сконцентрирајте се  на вистинските проблеми кои ја гаснат желбата за секс. Понекогаш спиењето во одделни кревети може да  ја стимулира сексуалната желба повторно, така што луѓето добиваат потреба еден за друг“.

4. Помислата за неверство е сосем нормална работа

На некои луѓе мора почесто да им се повторува дека се секси и посакувани. Кога тоа не се случува, валканите мисли насочени кон оној кон не е Ваш животен сопатник,  се сосем вообичаена работа. Сексот нé одделува. Љубовта е таа која нé зближува. Во човечката природа е потребата да се чувствуваме посакувани. Ако луѓето не го чувствуваат тоа од страна на својот партнер, нормално е дека тоа ќе го побараат кај друг.

5. И постојаните расправии се вообичаени

Често се запрашувате како сите останати парови изгледаат толку заљубено, а Вие со Вашиот партнер секојдневно се расправате ? Немојте да чувствувате вина. Вистината е следна: Расправиите се присутни кај секој пар !!!

Write A Comment