Здраво тело

Сексот по време на бременост е полезен

Познато е мислењето дека сексот по време на бременост е штетен, но новите студии покажуваат дека сексуалните односи се полезни и за бебето и за мајката.

По време на бременост нивото на естроген се зголемува со што се зголемува и либидото, чувствителноста и протокот на крв во карлицата.  Овие хормони се најактивни во првите три месеци, кои се најпроблематични, па затоа на жената во овој период и се гади и повраќа најмногу.

Многу е важно по времето на овие девет месеци жените да го сакаат своето тело, за што допринесува активниот сексуален живот. Ако бременоста е нормална, лекарите дури препорачуваат редовен секс, односно секогаш кога ќе посакаат партнерите, зошто само така ќе ја нормализираат хормонската бура која беснее во женското тело. Од друга страна хормоните на среќа, кои се лачат по време на секс имаат многу позитивно влијание врз плодот и допринесуваат за неговиот правилен раст и развој.

Напиши коментар