ШоуБиз

Selena Gomez: Не го гледајте мојот филм! ;)

Младата актерка и пејачка Selena Gomez ги повикала своите фанови да не го гледаат нејзиниот најнов филм „Spring Breakers“.

Девојката на Justin Bieber во филмот главно се појавува во костими за капење и иако игра срамежлива девојка, таа во филмот пуши и пие алкохол, а игра и со непознати дечки.

–          На децата кои се мои фанови им препорачувам да не го гледаат овој филм; едноставно морам да ги предупредам. Мене улогата ми се допадна и мило ми е што ја прифатив бидејќи е доста возбудлива. Луѓето на моја возраст треба да го погледнат филмот од причина што е реален; такви работи навистина се случуваат, – изјавила актерката.

Ја искористила приликата уште еднаш да им се заблагодари на фановите за поддршката и додала дека кон нив секогаш ќе биде искрена.

Напиши коментар