ШоуБиз

Селена Гомез паузира со музиката! Ќе снима филмови!

Наместо да започне со снимањето за вториот студиски албум, Селена Гомез решила да направи пауза од музиката и да се сконцентрира на два големи филмски проекти. И таа и нејзиниот бенд „The Scene“ ќе направат подолга пауза од музичката естрада, а Селена ќе ѝ се посвети на својата актерска кариера.

–          Многу сум возбудена за двата филмови што треба да почнам да ги снимам во почетокот на оваа година. И двата се различни, нешто што досега немам глумено, – изјавила Селена за своите планови.

Се работи за филмовите „Spring Breakers“ и „Hot Mess“. Првиот е за четири млади девојки кои решаваат да ограбат еден ресторан за брза храна со цел да си приуштат летен одмор на Флорида. Во вториот филм дејството е повторно сконцентрирано околу четири девојки кои очајно се обидуваат да ја одбегнат судбината на лоши девојки.

Напиши коментар