Здраво тело

Семоќниот целер – лечи многу повеќе од што мислевте

Целерот успешно лечи: астма, реума, ја подобрува циркулацијата, го олеснува варењето, го зголемува апетиот…

Секој дел од целерот е здрав и корисен, од неговиот корен, па се до неговиот лист. Во сто грама има само 7 калории, но затоа пак има 320 милиграми магнезиум, голема количина на витамин К и диетални влакна.

Тој успешно лечи многу болести: астма, реума, ги прочистува мочните канали, бубрезите, ги смирува нервите, ја зголемува циркулацијата, ја подобрува крвната слика…

Целерот содржи супстанци кои делуваат релаксирачки на артериите, овозможувајќи им да се шират, ја намалуваат количината на хормонот на стрес. Тој исто така ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол, а заради големата количина на витамин Ц успешно ги намалува симптомите на грип и настинка. Затоа се препорачува болните да јадат супа во која има ставено многу целер.

 

Напиши коментар