Идеална вечера за многу кратко време !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто
½ квасец
2 децилитри млеко
1 децилитар масло за јадење
Лажичка шеќер
2 лажички сол
2 јајца
3 лажици кисела павлака
900 грама пченично брашно
За фил
200 грама шунка
2 лажици павлака
100 грама маринирани шампињони
Оригано
Босилек
Кечап по желба
За премачкување на тестото
Лажичка маргарин
1 јајце
Сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во млакото млеко ставате го шеќерот и квасецот и почекајте квасецот да нарасне. Откако ќе нарасне додадете ги останатите состојки и измесете меко тесто кое не се лепи за површината на садот. Поделете го тестото на 2 еднакви половини. Не го чекајте тестото да нарасне.
Уклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови. Земете поголем плех за печење и намастете го. Ставете ја првата половина од тестото во плехот и развлечете ја во големина малку поголема од плехот за печење. Вишокот тесто прилепете го за страничните делови на плехот.
Маргаринот убаво измешајте го јајцето и со таа смеса премачкај те ја првата кора. Преку кората ставете ја направената смеса од за фил ( измешајте ги сите состојки). Развлечете го 2 дел од тестото и ставете го врз филот. И 2 кора премачкајте ја со преостанатата смеса од јајце и маргарин и посипете сусам.
Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 30 минути. Испечената пита извадете ја од рерна и прекријте ја со кујнска крпа. По половина час питата е спремна за сервирање.
Уживајте во вкусот!!!
