Мојата кујна

Сендвич пита

Идеална вечера за многу кратко време !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто

½  квасец

2 децилитри млеко

1 децилитар масло за јадење

Лажичка шеќер

2 лажички сол

2 јајца

3 лажици кисела павлака

900 грама пченично брашно

За фил

200 грама шунка

2 лажици павлака

100 грама маринирани шампињони

Оригано

Босилек

Кечап по желба

За премачкување на тестото

Лажичка маргарин

1 јајце

Сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во млакото млеко ставате го шеќерот и квасецот и почекајте квасецот да нарасне. Откако ќе нарасне додадете ги останатите состојки и измесете меко тесто кое не се лепи за површината на садот. Поделете го тестото на 2 еднакви половини. Не го чекајте тестото да нарасне.

Уклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови. Земете поголем плех за печење и намастете го. Ставете ја првата половина од тестото во плехот и развлечете ја во големина малку поголема од плехот за печење. Вишокот тесто прилепете го за страничните делови на плехот.

Маргаринот убаво измешајте го јајцето и со таа смеса премачкај те ја првата кора. Преку кората ставете ја направената смеса од за фил ( измешајте ги сите состојки).  Развлечете го 2 дел од тестото и ставете го врз филот. И 2 кора премачкајте ја со преостанатата смеса од јајце и маргарин и посипете сусам.

Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 30 минути. Испечената пита извадете ја од рерна и прекријте ја со кујнска крпа. По половина час питата е спремна за сервирање.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар