Здраво тело

Сенфот е одличен лек за синуси и мигрена

Сенфот е одличен извор на селен, омега 3 масни киселини, а во голема количина содржи и железо, калциум, цинк, магнезиум,ниацин и диететски влакна.

Сенфот  содржи голема количина фитонутретиенти-глукозинолати.Истражувањата ја покажуваат делотворноста на тие материи и спречувањето на раст на туморот на клетките, посебно оние кои го зафаќаат системот за варење.

Селенот со кој изобилува помага во спречување на силни асматични напади, ги намалува симптомите на ревматичен артритис и превентивно делува на развојот на тумор.

Сенфот исто така го стимулира апетитот и варењето и ги прочистува синусите на ист начин како и чили пиперките.Сенфот е одличен извор на белковини и селен. Добар извор на витаминот Е, магнезиум, железо и фосфор.

 

Напиши коментар