Sweet Home

Сензационален и луксузен дом во Јужна Африка

Cliffton е куќата дизајнирана од SAOTA, која се наоѓа на најпрестижната улица во Кејптаун, Нетлтон. Овде секој збор би бил непотребен, доколку самите не ја доловите суштината на моќниот и доста скап простор со неверојатен поглед кон морето, футуристичката фасада и идеалната градина која се рефлектира на планинскиот предел кој го опкружува ова место. Огромните стаклени врати го претставуваат отворениот ентериер кој се одликува со сензационално искуство.

Простаната внатрешност се одликува со дрвени елементи, кои ја одделуваат собата за дневен престор од спалните. Софистицираниот и неутрален декор кој се пренесува низ целиот простор ефектира кохезија од форми и бои кои се одразуваат и на расположението. На него влијае и неодоливиот базен со тиркизна боја, кој дозволува хармонијата да се пренесе и во доцните часови, преку светлосните ефекти.

Повеќе од јасно е дека ова место е дефиниција за совршен дом…

Напиши коментар