За следната година „романтика“ е зборот кој ги опишува најдобро новите колекции венчаници.
Временската машина повторно не враќа назад во историјата или поточно во 50-те години кога се носеле фустани со масивно здолниште и без прерамки.
Имено таква ќе биде најмодерната визија за невестите следната година. Акцентот паѓа на деколтето со срцевидна форма и разголени грб и рамена.



















































