ШоуБиз

Serena Williams се откажува од љубовта…

Светски познатата тенисерка Serena Williams (30) која последно беше во врска со раперот Common изјавила дека веќе се откажала од излегување и запознавање нови луѓе.

–          Последната врска ми го скрши срцето. Имав премногу лоша среќа во љубовта. Ако нешто не функционира, тогаш се откажувате. Многу подобри односи имам со тенисот. Уживам во секоја секунда на теренот. Тоа е она за што јас живеам, – изјавила тенисерката, која смета дека треба да се оддалечи од љубовта на барем десетина години.

Williams е една од фаворитите за освојување на овогодинешниот турнир „French Open“ и се очекува наскоро да се врати на врвот на WTA листата. Моментално, таа е петта најдобра тенисерка на светот, а досега има освоено 13 „Grand Slam“ титули.

Напиши коментар