ШоуБиз

Сестрите Беквалац чинат пола милион евра

За малку сестрите Беквалац ќе се прославеја како сестрите Кардашијан. Се зборуваше дека наскоро ќе започне снимањето на реалното шоу за секојдневниот живот на сестрите Беквалац. И тоа не е така далеку од вистината. Реалното шоу започна, но само по неколку денови снимање тие не можеле да го поднесат присуството на куп луѓе по станот, па од продуцентот на шоуто побарале половина милион евра, за да се продолжи истото.

Но, не дошло до договор па идеата за реално шоу кое ќе го претстави нивниот приватен живот со сите пикантерии пропадна.

Сестрите не дозволуваат да се дознае се за нив, или пак ако веќе мора ќе треба дебело да се плати.

Напиши коментар