Хрватската пејачка и српскиот крал на бакарот наводно повеќе не се заедно.
Хрватските медиуми пишуваат дека пред неколку дена Милан и Севе имале жестока расправија по која таа го земала малиот Александар и го напуштила хотелот во кој биле сместени и заминала во Сплит кај нејзината мајка.
Расправиите за нив биле секојдневие, но оваа расправија била толку голема што ја слушнале и останатите гости во хотелот.
Сега за сега Северина не се огласила за да ја потврди оваа информација.
