Време е за огромно задоволство, кое ќе Ви го приреди брендот Sfera, со својот нов lookbook, за Пролет/Лето 2012…
Свежината е она што битно се истакнува во целата последна колекција. Останатото, се детали, кои ќе Ви помогнат да ја зачините новата, топла сезона, со многу стил и енергија. Од извонредни кежуал и лежерни варијанти, погодни за Вашите секојдневни активности, па до софистициран изглед, соодветен за вечерните излегувања, изборот е голем…
Покрај белата, која е доминантна, колоритната линија ја опфаќаат пастелните и свежи бои кои со примеси на цветните принтови, нежните везови и строгите линии, овозможуваат весели вибрации…
Упатете се кон продавниците на Sfera, Ви го предлагаме најдоброто од последната колекција…











