ШоуБиз

Шакира потврди дека е бремена

Колумбиската пејачка Шакира ја потврди информацијата дека таа и шпанскиот фудбалер Пике го чекаат своето прво дете.

Пике и Шакира се заедно повеќе од една година и успешно ги надминуваат сите скандали кои се поврзани со нив и нивната врска.

По прекинот на врската со синот на поранешниот претседател на Аргентина, Шакира многу набрзо ја започна врската со десет години помладиот Пике.

Оваа година Шакира ќе одмори од настапите и снимањата, но затоа пак ќе ја гледаме како дел од жирито на The Voice, каде ќе ја замени Кристина Агилера. Со неа на жири масата ќе седи и Ашер.

 

Напиши коментар