Основниот апел кон родителите од експертите е за целосен отказ од насилствотокако метода при воспитување на децата. Физичката казна е средство што го применувале врз робовите, а не за слободните луѓе. Детето многу тешко ќе го убедите дека шамарите се должат само на најдобри чувства. Порочниот систем што вклучува тепање како средство, се темели на четири основни столбови – недостаток на самодисциплина, недоволна интелигенција, недостаток на трпение и достоинство кај родителот. Во книгата се вели дека оние што не се способни да бидат добри родители, подобро воопшто и да не бидат. Лошите родители создаваат деца што ќе израснат во исто така лоши луѓе како нивните родители.
Оној што би сакал да го смени светот би требало да се насочи кон децата – тоа е пораката на книгата „Векот на детето“ издадена во Германија во 1902 година која и до ден денес има голем број приврзаници. Авторот е Елен Кеј што не е единствената што настапува со радикално нови идеи за воспитување на децата.
Стремежот посочен во книгата на Кеј е за прифаќањето на детето како индивид но истовремено е очевидно дека само едно привилегирано малцинство би можело да си дозволи да ги приложи препорачаните насоки: идеалот на овозможување повеќе слобода би можел да се реализира само во одавна изградените елитарни структури.
„Правото на детето да ги избира родителите“ е наречена првата глава на книгата каде се разбира не станува збор за возможноста за избор на родителите, а за нешто сосема друго. Тезата на Кеј е дека родители би требало да бидат само оние човечки примероци кои во психички и физички план се соодветни за таа улога. Истовремено авторката го изјаснува својот став за стерилизација и отстранување на неповолните за репродукција суштества и особено кај децата во рана возраст.
Ова беше причина наскоро Кеј да биде објавена за расистка и антисемитка. И нејзините ставови дефинитивно се движат во тој правец, но нејзините намери се релативно безопасни.
