Две од шапките на војвотката од Кембриџ, Kate Middleton и тоа од деновите пред да се омажи со принцот William, се ставени на продажба по пат на аукција. Едната е носена на настан во 2008 година, а другата во 2010 и се очекува секоја од нив да донесе по барем 1.500 долари.
Аукцијата треба да се одржи на 26-ти Јуни во просториите на аукциската куќа „Kerry Taylor Auctions“.
Според наводите на задолжените за настанот, оние заинтересирани кои ќе понудат највисока цена за шапките ќе имаат ексклузивна можност да добијат рецепти и копии од закажаните настани на војвотката во изминатиов период. Засега не е познато во каква цел ќе одат собраните пари.
