ШоуБиз

Shaquille O’Neal докторирал!

Четири пати беше NBA шампион, а во саботата докторирал на Универзитетот Бери во Мајами. Што е најинтересно, за време на доделувањето на дипломите, Shaquille O’Neal го подигнал својот професор во воздух.

Откако го напиштил Универзитетот во Лујзијана со цел да се посвети на кошарката, сега O’Neal  му се вратил на факултетот и докторирал.

–          Како прво, им ветив на родителите дека ќе ја следам својата страст за учење. Како второ, сакав да продолжам со образованието и на крај сакав некаков предизвик во животот, – изјавил кошаркарот.

Темата на неговата докторска дизертација била „Вредноста на хуморот во лидерството“. O’Neal секогаш за себе говори дека е природен лидер со смисла за хумор.

Сега, тој сака да изучува право.

–          Само децата смеат да ме викаат Shaq. Сите останати отсега ќе мораат да ме викаат др. O’Neal, – се нашалил на крај шампионот.

Напиши коментар