Sweet Home

Шарен дом во Сао Паоло – Рапсодија на урбаното !!!

Овој неконвенционален проект е изграден од архитектот Fabio Galeazzo, во Сао Паоло, Бразил. Станува збор за извонредна трансформација на стара, напуштена сопственост, во топла атмосфера, повикана на идејата за удобност, дизајн и технологија… едноставно, нов начин на живеење…

Постојната структура не можела да се справи со тешкиот товар и била надополнета од бамбусови греди и столбови и покрив со зелени термички плочки.

И за подот е употребено дрво и егзотичен кафеав гранит. Со цел да се спротивстави на целата структура и да се нагласи куќата во услови на густа вегетација, на ѕидовите се додадени уметнички елементи

Особено е интересен и надворешниот дел кој овозможува комуникација помеѓу надворешната и внатрешна област. Внатре, со цел подобрување на погледот направени се големи полици во кружна форма, а рустикалната структура е изразена преку феноменалната идеја – кревет во форма на гнездо…

Вистинска илузија, која ја разубавува реалноста…

Write A Comment