Мојата кујна

Шарска плескавица

Постои ли некој што не ја обожава ???!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама мелено месо

150 грама ситно сечкана сланина

1 јајце

150 грама кашкавал (рендан)

50 грама презла

2 чешнина лук ( ситно исечкан )

2 ситно сечкани свежа црвена пиперка

1 лажица ситно сечкан магдоност

1 кромид ( ситно исечкан )

Сол и бибер

Зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите состојки ставете ги во подлабок сад и замесете ги. Од смесата направете плескавици во големина по ваша желба. Ставете ги плескавиците на чинија, покриј те ги со фолија и истите оставете ги во фрижидер 45 минути пред да ги пржите.

Уживајте во вкусот !!!

Напиши коментар