Russell Brand беше водител на овогодинешното доделување на МТV филмските награди и за време на шоуто имал неколку блескави моменти и забелешки.
– Justin Bieber претепа еден папарацо! Секоја чест! – бил коментарот на водителот по што целата публика слатко се изнасмеала. Потоа додал дека кога и него би го удрила толку убава ѕведза, не би можел, а да не доживее барем мал оргазам, очигледно шалејќи се на сметка на тинејџерската атракција.
Russell не испуштил да ја насмее публиката и на сметка на Kim Kardashian и нејзиниот ултра брз брако-разводен период.
– Навистина му се восхитувам на Kanye West и неговиот настап, како некој друг да ми ги симнал проблемите од грбот. Се надевам дека тој ќе направи нова порно снимка – искоментирал Brand алудирајќи и на својот и на пропаднатиот брак на Kim.
До крајот на шоуто, комичарот не заборавил да го спомене и John Travlota во своите шеги, како и дека ќе внимава повеќе при изборот на следната жена.
