Мојата кујна

Шејк од јагода

Неопходни продукти:

–        250 гр јагоди

–        300 мл пресно млеко( можете да користите оризово или млеко од соја)

–        Половина лимон

–        4 мали лажички мед

–        4 коцки лед

–        Начин на приготвување:

Измиени и исчистени јагодите се разбиваат со блендер или миксер. Сокот од лимонот додадете го во јагодите. После тоа постепено додавајте го пресното млеко и медот. Сето тоа добро измешајте го со блендер. Исипете го пијалокот во убава чаша и додадете неколку коцки лед.

Напиши коментар