Здраво тело

Шеќерот во големи количини е штетен колку и цигарите

Секоја година, во светот умираат 35 милиони луѓе, како последица од преголемото внесување на шеќери.кое може во целост да ја поремети работата на метаболизмот, на хормоните па и црниот дроб- предупредуваат стручњаците…

Иако малку шеќер не е проблем, секојдневното внесување на поголеми количини на тој сладок „отров“, убиваат, а поради него годишно умираат 35 милиони луѓе. Научниците од Универзитетот во Калифорнија, во членот “ Токсичната вистина за шеќерот“, предупредуваат дека продажбата и  употребата на шеќер треба да се регулира со закон, со што ќе се регулира и неговото секојдневно внесување.

Научниците тврдат дека засладените сокови и благата храна се одговорни за болестите како: дебелината, карциномот, проблемите со црниот дроб и срцевите заболувања. Шеќерот не само што ги прави луѓето дебели, туку и во потполност го нарушува метаболизмот, ги „исфрла“ хормоните од рамнотежа, го зголемува крвниот притисок и го оштетува црниот дроб. Истото влијание на телото го има и алкохолот.

Стручњаците советуваат за намалување на засладените сокови и храната богата со шеќери, ограничување на купувачите помлади од 17 или 18 години и строга регулација на храната во училишните апарати.

Шеќерот, исто како и алкохолот и цигарите е доста достапен, лесно се злоупотребува и доста е штетен– тврди авторот на студиите и стручњакот за дебелина, Роберт Лустиг.

Тој се надева дека луѓето, со текот на времето ќе бираат еднакво вкусни а сепак помалку отровин производи. Притоа, тој истакнува дека повеќе има дебели, отколку потхранети луѓе, кои се потенцијални болесници од некои од болестите на денешнината.

Иако, научниците не ја забрануваат употребата и продажбата на шеќер, сепак бараат поголема одговорност кај производителите на храна, мислејќи со тоа, во секој производ да внесуваат точна количина на шеќер, подобра информираност за дејствата од него и забраната за прикриеното додавање на шеќери во производите во кои не е наведен, а сепак постои. Таквите измени ја оправдуваат грижата кај јавното здравство.

Напиши коментар