Ендру, полубратот на познатата пејачка Шерил Кол, кој има 32 години, моментално служи 6 годишна затворска казна затоа што во 2010 упаднал со мачета во пошта во Англија и ја ограбил. Украл 2000 фунти од поштата. Пејачката во својата автобиографија открива дека нејзиниот полубрат почнал да препродава марихуана и да ограбува продавници кога имал 14 години.
“Беше сосема нормален, се додака соседите не му кажаа дека немаме ист татко.” изјавила Шерил.
Таа вели дека неговиот татко го напуштил додека бил бебе, а потоа нивната мајка се премажила.
“Тој е зависник од крек, криминал и алкохол.”
