ШоуБиз

Шерил Кол паѓа по скали за забава :)

Пејачката Шерил Кол се пожалила преку Твитер дека сериозно се повредила кога случајно паднала по скали. Иако при падот Шерил го повредила само коленото на кое има модрици, при падот таа некако успеала да ја расече и раката. Шерил е особено загрижена што имало доста очевидци кои ја забележале како невнимателно паѓа.

–          Само што паднав по скали пред цела толпа луѓе. Како е можно да паднеш додека се качуваш по скали или тоа може само мене да ми се случи? Имам модрица на коленото и си ја расеков раката, – биле зборовите на Кол на нејзиниот Твитер.

Напиши коментар