ШоуБиз

Шерзингер и Хамилтон се смирија?!

По сè изгледа прекрасната пејачка Никол Шерзингер и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон се смириле.

Додека медиумите пишуваа дека Никол се забавува со водителот Стив Џоунс и кореографот Џакел Најт, таа се врати во прегратките на поранешниот свршеник и сега тие двајца се повторно заедно.

Снимени се пред некој ден како се држат за раце и одат на романтична вечера во еден ресторан во Беверли Хилс.

Папараците кои оделе пред парот и ги снимале Никол и Луис додека се шетаат биле прилично фини и не ги прашале за тоа што веќе било очигледно. Само ѝ дале поддршка на Никол во врска со одлуката да си замине од „Х Фактор“.

Никол и Луис раскинаа во септември, минатата година, а беа заедно четири години.

http://www.youtube.com/watch?v=9mDkqtuHha4

Напиши коментар