Здраво тело

Шест мисли кои го уништуваат здравјето

Се што правиме започнува со мисла. Но, не рекле залудно дека треба да имаме убави мисли за да имаме убав живот. Лошите мисли само ви штетат, ви го отежнуваат и огорчуваат животот.

Цинизам

Тоа е всушност врста на агресивност и непријателство. Додека цинизмот во книгите и филмовите може да не насмее, реално може само да не исполни со негативни мисли, да не натера да гаиме агресивни чувства кои не водат кон ништо добро.

Недостаток на смисла

Што правам овде? Која е мојата цел? Зошто да одам на работа? Ако вие живеете со овие прашања тогаш навистина не ви е лесно. Правите секојдневни активности, ги правите со сила, и воопшто не знаете зошто ги правите. Ако не си дадете одговор на овие прашања вашиот живот ќе изгуби смисла со тек на време.

Грижи

Ако константно се грижите за нешто вие сериозно му штетите на здравјето. Луѓето кои постојано се во грч за да не се случи нешто порано умираат. Дозволете им на работите сами да се случуваат, и онака не може да го менувате текот само држете ја контролата, тоа е доволно.

Недостаток на самоконтрола

Контролата е најважната работа. Дозволете си го она што ве прави среќни, што ве исполнува но имајте контрола над работите кои ви штетат на здравјето.

Лутина

Луѓето кои се склони кон бес, склони се кон секакви видови на деменција. Лутината и бесот оставаат трага на вашето здравје. Докажано е: ако сега сте бесни и лути, проблемите со Алцхајмерова болест ќе ги имате на старост. Затоа размислете!

Песимизам

Ова е посебна опасност која тлее длабоко во нас. Немате желба да споделите ништо со никого, не сакате пријатели… негативни мисли владеат со вас. Не само што овие личности патат, дозволуваат да им заврши животот премногу рано само затоа што не сакаат да го променат ставот.

Напиши коментар