Убавина

Шест најголеми митови за косата

Веројатно сте слушнале за многу совети благодарение на кои вашата коса ќе биде посјајна, мека и бујна… За жал, повеќето од нив се неточни, а тоа го дознаваме откако тие совети ќе ги испробаме а исходот е катастрофален. Ќе ви откриеме кои митови се далеку од вистината и на кои не би требало да им се верува.

Колку повеќе ја чешлате, тоа е подобро?

Не е вистина. Чешлањето на косата ги корне и оштетува влакната.

Средствата за коса можат да ви помогнат да ги заздрават расцветаните краеви?

Не е вистина. КОга врвовите ќе расцветаат, единствено нешто што треба да направите е да ги отсечете. Средствата можат само да ги направат понеприметливи.

Бојосувањето ја оштетува косата?

Не е вистина. Денешните средства за бојадисување коса се доста нежни така да не ја оштетуваат косата.

Отстранувањето на шанпонот со ладна вода ќе ја направи косата поблескава?

Не е вистина. Ладната вода нема никакво влијание врз сјајот на косата.

Ако искорнете едно седо влакно, ќе пораснат неколку други на тоа место?

Не е вистина. Сепак, не би требало да ги корнете седите влакна, бидејќи на тој начин можете да го оштетете коренот на влакното и да предизвикате инфекција или да направете лузна.

Косата расте побргу доколку често ја шишаме?

Не е вистина. Без обзир дали често ја шишате, вашата коса пораснува секој месец со одреден број сантиметри. На пократката коса растењето на влакната едноставно е позабележителна.

Напиши коментар