Убавина

Шест намирници за здрава кожа

Освен генетиката, сонот и исхраната има влијаније на здравјето на вашата кожа. Ова се шестте намирници кои треба да ги јадете за да имате блескаво чиста и негувана кожа:

Лосос

Тој е идеален со причина што обилува со омега-3 масни киселини. Помага да се задржи влажноста на кожата, која е неопходна за да ја спречите појавата на брчки.

Морков

Тој е богат со пигментот бета каротен кој на кожата и дава здрав сјај. Овој пигмент го спречува стареењето на кожата.

Авокадо

Она што авокадото може да го стори за вашата коша не може ниту една крема за лице. Маслото кое го содржи авокадото е дополнително збогатено со витамин Б, тоа е идеалната комбинација за секој тип на кожа.

Зрнести плодови

Тоа значи да јадете грав, грашок, леќа, кикирики… тие се богати антиоксиданси кои ја обновуваат кожата.

Грозје

Освен тоа што штитат од срцев и мозочен удар, полифенолот и антиоксидансите кои ги содржи грозјето ја спречуваат појавата на брчки. Масажата со грозје брзо го отстранува целулитот.

Вода

Водата е најважна во борбата со безживотната кожа. Сите процеси во телото зависат од водата. Ако во текот на денот не внесете доволна количина на вода веројатно ќе имате поспор метаболизам, а и сува и безживотна кожа.

 

Напиши коментар