Здраво тело

Шест правила за слабеење кои можете да ги прекршите

Сигурно сте го слушнале она дека правилата се создаваат за да бидат скршени

Човечки е да се греши, но кога сте на диета внимавајте на секој чекор…токму забранетата храна е уште позанимлива…

Упорноста и трудот се важни компоненти но сепак  и повремените  грешки влијаат на конечниот резултат. Слабеењето и диетите  можат да бидат исцрпувачки за организмот и често се јавува губење на волјата, а тогаш е најлесно да се посегне по нездрави продукти кои први паѓаат при рака.

Добрата вест е дека и покрај тоа, не мора да имате грижа на совест ако прекршите некое правило, а сепак да слабеете… Следуваат правилата кои можат да се прекршат.

1. Забрането внесување јаглехидрати …  Љубителите на јаглехидрати често пати слушаат за нивната големата калоричност и предизвикуваат зголемување на нивото на шеќер во крвта. Сепак јаглехидратите како што се зобот, лебот со семки се богати со  протеини кои даваат енергија и влакна кои даваат чувство на ситост.

2. Не смеете да јадете навечер… Вкупниот внес на калории за време од 24 часа е важен за крајниот резултат. Не периодот во кој што ги внесувате калориите.

3. Редовно вежбајте… Согорувањето на калории е одличен начин за слабеење, но не и единствен. Ако имате здравствени проблеми или не можете да вежбате, не значи дека не можете да ослабнете. Најдете друга активност, која исто така е одлична и за здравјето на срцето, стресот и подобриот сон.

4.Избегнувајте десерти… На многумина, им е најтешко да се откажат од десертите. Тие навистина содржат најголем број калории, но разноликоста на внесувањето храна е најважна. Пробајте да внесувате поздрави алтернативи како темното чоколадо или овошјето, кое ќе Ви ја намали потребата за благо.

5.Јадете салати… Многумина не ги сакаат салатите и ги зачинуваат со премногу прелив. Салатите со прелив можат да имаат ист број калории колку и еден хамбургер. Ако не ги сакате, слободно изберете нискокалоричен сендвич, супа, зеленчук на жар или салати со цели зрна житарици. Морате да уживате во храната, за диетата да напредува.

6.Јадете пет мали оброци дневно…Денот полн со обврски тешко дозволува здрави оброци. Кај диетите, не треба да се прават големи растојанија помеѓу оброците бидејќи тогаш повеќе се зголемува желбата за јадење. Сепак, доволно е да јадете и три пати дневно. Јадете храна богата со влакна која ќе ве држи сити.

Напиши коментар