Shilin или во превод Камена Шума, е еден од најубавите природно создадени места на планетата Земја. Се наоѓа во провинцијата Јунан во југозападниот дел на Кина. Се проценува дека овој масив од сталактити кои како да се израснати од земја е стар над 270 милиони години. Местото дава илузија на камена шума со прекрасни пејзажи, прекрасни форми кои за миг ви изгледаат како зајче, куче, воин … битна е фантазијата!!!
Од 1984 година е прогласен за национален парк кој се простира на 350 километри квадратни и преставува значајна атракција која годишно ја посетуваат над 10 милиони посетители ширум светот.