Состојки:
500 гр. говедско или овчо месо
За маринада:
2 главици кромид
3 домати
1/4 литар црвено вино
2 лажици оцет
2 лажици црвен пипер
2 лажици масло
Лажичка мајчина душица
бибер
сол
ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете го виното, оцетот, црвениот пипер, мајчината душица, биберот, сецканиот кромид, маслото, сецканите домати и солта. Исечете го месото на мали парчиња и ставете ги во маринадата. Држете ги 24 часа во фрижидер.
Потоа парчињата месо нанижете ги на жица печете ги на скара или во загреана рерна.