Art & Crafts

Шминка од домашната работилница

Имате стара шминка? Додадете малку вазелин и ќе добиете единствени нијанси кои совршено ќе одговараат на вашиот тен.

Ако самите правите шминка ќе бидете сигурни во нејзиниот состав и квалитет. За да направите шминка во домашната работилница потребни ви се празни мали садови, стара шминка и вазелин.

Кармин и сјај

Ако имате стар кармин кој има убава нијанса која ви одговара…но нема сјај, измешајте го со вазелин. За темни варијанти ставете повеќе кармин, а за посветла варијанта помалку кармин.

Кремасто руменило

Направете кремаста сенка со помош на остатоци од старо руменило во прав и вазелин. Лесно можете да направите нијанси за дневен или ноќна варијанта.

Лосион за тело

Светликав лосиона за тело можете да направите така што ќе измешате светликава пудра во прав и вазелин. Ефектот сите ќе го забележат и сигурно ќе ви биде поставено прашањето „Од кај ја купи“

Пудра во прав

Кармин или пудра во прав во нежно розева боја или боја на праска со малку вазелин и добивате ефект на здрав и сјаен изглед.

Бидете сигурни дека ќе бидете забележани!!!

Напиши коментар