Убавина

Шминка за дамите со кафеави очи

Дамите со кафеави очи поседуваат изразителен поглед кој треба со соодветна шминка да се нагласи. Независно дали сте горда сопственичка на светлиот килибар или на речиси црната – кафеавите очи се секогаш убави, а погледот длабок и моќен.

 

Ви предлагаме неколку совети за шминкање на кафеави очи:

Маскарата и тушот ќе бидат вашето скриено оружје. Ова е задолжително! Кафеавите очи мора да бидат нагласени секогаш со црна очна линија на горниот капак и добар слој црна маскара. Освен тоа кафеавите очи можат да носат и сенки во боја. Но кои се вистинските нијанси?

 

За светло кафеави очи вистинскиот избор се длабоко сина и нијансите на виолетовата боја.

Важно е да не ги нанесувате сенките во дебел слој за да можете да го запазите магнетизмот на очите.

 

Темно кафеавите очи можете да ги акцентирате со розови нијанси. Ако сте од посмелите девојки можете да експериментирате со жолти и тиркизни бои.

Можете да користите и јаки контрасни сенки како бели и розови, бежови и бронзени.

 

Погледне ги овие неколку фотографии и избере те го стилот што најмногу ви се допаѓа.

 

Write A Comment