Мојата кујна

Шненокли – десерт кој нема да ве остави рамнодушни

Потребни состојки:

–      1 литар млеко

–      6 јајца

–      8 лажици шеќер

–      2 кесички ванилин шеќер

–      неколку капки екстракт од ванила

–      1 лажица брашно

Подготовка:

Ставете го млекото да се вари со една лажица шеќер и ванила. Изматете цвсрт снег 6 белки и две лажици шеќер. Со лажица ставајте од кнедлите во зовриеното млеко. Варете ги во млекото по 15-тина секунди од двете страни, па извадете ги во голема чинија. Млекото тргнете го од оган. Изматете ги жолчките со 6 лажици шеќер и една лажица брашно. Ставете ја смесата во млекото нека проврие на оган. На крај прелијте ги шненоклите со овој прелив. За декорација употребете чоколаден прелив или прелив од карамела.

 

Write A Comment